Станува збор за нов тренд поврзан со односот кон алкохолот, особено за помладите луѓе од Генерацијата З. Идејата зад периодичната трезвеност е тренд за пиењето алкохол да се третира како уживање еднаш неделно, а не да се пие често.
Според едно истражување направено претходно оваа година, 41% од Американците – и 61% од генерацијата З – сакаат да го намалат пиењето. На овој начин младите се обидуваат да развијат поздрава врска со алкохолот.
При излегување, тие наместо алкохол, пијат безалкохолни пива или коктели без алкохол. Продажбата на безалкохолни пијалоци се зголеми за околу 30% годишно во последните неколку години, при што се очекува продажбата да достигне речиси милијарда долари во следните две години.
Сега, според Си-Ен-Ен, периодичната трезвеност не е целосна трезвеност. Со други зборови, луѓето не го бојкотираат алкохолот целосно – 68% од анкетираните признале дека сè уште пијат, а 93% од оние кои купуваат безалкохолни пијалоци сè уште купуваат и обичен алкохол.
Иако целосното елиминирање на алкохолот најверојатно ќе биде најдобриот избор (научниците неодамна го отфрлија митот дека умереното пиење е здраво), намалувањето на зачестеноста на пиењето веројатно е чекор во вистинската насока.
„Исто така, важно е да се истакне дека некои од овие безалкохолни пијалоци сè уште имаат одредена количина на алкохол – 0,5% наспроти 5-12%,“ рече Гупта. Не само тоа, многу сè уште содржат многу други нездрави состојки.