Младите физичари на Олимпијада во Токио

Петмина средношколци предводени од двајца ментори ќе ја претствуваат Македонија на 53. Меѓународна олимпијада по физика која годинава се одржува во Токио, Јапонија. Мајкл Георгиевски од гимназијата „Добри Даскалов“ од Кавадарци, Матеј Гелев од „Јахја Кемал“ од Скопе, Емилија Николовска од Математичко-информатичката гимназија од Скопје и Кристијан Шишкоски од гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид вчера заминаа за Токио. Таму ќе им се придружи и Јан Стојановски, ученик „Јахја Кемал“, кој во моментот ја преставува Македонија на Меѓународната олимпијада по математика која се одржува исто така во Токио.

Водачи на тимот се: проф. д-р Ламбе Барандовски, вонреден професор на Институтот за физика про Природно-математичкиот факултет во Скопје и неговиот колега проф. д-р Боце Митревски.

Тимот се заблагодарува на Јован Деспотовски, директор на Технолошко-индустриски развојната зона (ТИРЗ) и на Управниот одбор кои ги обезбедија авионските билети до Јапонија и на Агенцијата за млади и спорт за поддршката. Благодарност упатија и од  Институтот за физика и ПМФ, до Друштвото на физичарите на Република Македонија кое го организира нашето учество на Олипијадата и на сите кои биле вклучени во подготовките.

Најново

Последни колумни