Младите да се пријават на огласите за грантови

Младите луѓе имаат можност да се пријават на огласите за грантови од Оперативниот план за вработување што Владата го усвои на седница и беше презентиран во средата. Планот предвидува вработување на 16 000 лица кои се работоспособни, но се невработени.  

Ако компанијата е ДООЕЛ (Друштво со ограничена одговорност – едно лице) грантовите ќе бидат до 10.000 евра, а ако е ДОО (Друштво со ограничена одговорност) – од 13.000 до 20.000 евра, во зависност од тоа колку ќе се здружуваат.

Предвидени се 40 милиони евра, околу 2,5 милијарди денари, така што ги повикувам апликантите да се пријават на огласот, рече претседателот на Владата.

Од септември се очекува нов повик за млади до 29 години, кога ќе се грантират стартап бизнис-идеи што ќе ги оценува посебна комисија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни