Денес на Школка

Младите ќе ги запознаваат воздухопловните професии

На саемот ќе бидат присутни воздухопловни ентитети од земјата и регионот како и професионалци од разни сфери на воздухопловството.

Денес во 11 часот на Школка младите ќе имаат можност да ги запознаат воздухопловните професии.

Здружението за подобро воздухопловство АВИКОН од Скопје, по четврти пат ќе го организира настанот „SKOPJE AIR FAIR“, информираат оттаму.

„Овој едукативен саем кој им ги претставува воздухопловните професии на младите традиционално ќе се одржи на локацијата Школка во Градскиот Парк во Скопје. На саемот ќе бидат присутни воздухопловни ентитети од земјата и регионот како и професионалци од разни сфери на воздухопловството кои ќе се обидат да им ја доближат авијацијата на младите“, велат од АВИКОН.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни