Младиот Ѓуретановиќ сè поизвесен кандидат за Олимпијадата во Париз, собори уште еден рекорд на Маленко

Никола Ѓуретановиќ викендов настапи во Дубровник, Хрватска на критериумски натпревар за Олимпијадата во Париз, Франција 2024, извесуваат од Пливачкиот клуб Вардар 2018

„Тој настапи во дисциплините 400 и 1500 метри слободно Во дисциплината 400 метри слободно Никола го собори Националниот младински рекорд кој е стар околу 25 години. Времето испливано е 4:02:61 и со ваков резултат освои 748 ФИНА бодови. Стариот рекорд на Александар Маленко е со време од 4:03:88“, наведуваат во објавата од Пливачкиот клуб Вардар 2018.

Фото: Пливачки клуб Вардар 2018.

Оттаму напомнуваат дека Никола со овој резултат е се поизвесен кандидат за Олимписките игри во Париз, Франција.

Извор: https://frontline.mk/2024/05/13/mladiot-uretanovi-se-poizvesen-kandidat-za-olimpi-adata-vo-pariz-sobori-ushte-eden-rekord-na-malenko/

Најново

Последни колумни