УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија во заедничка кампања

Младинско движење за интернет без омраза

Целта на партнерството е да се создаде движење за интернет без онлајн врсничко насилство и говор на омраза преку едукација, ко-креација и конкретни акции што ќе ги спроведуваат деца и млади како застапници коишто ќе инспирираат и други да се приклучат и да го прошират движењето низ целата земја

УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија ги повикуваат децата и младите да станат дел од заедничка кампања против онлајн врсничко насилство и говор на омраза

Детскиот фонд на Обединетите нации (УНИЦЕФ) и Фондацијата Телеком за Македонија објавија отворен повик преку кој се покануваат деца и млади на возраст од 14 до 17 години да се придружат на двегодишната програма против онлајн врсничко насилство и говор на омраза.

Под слоганот „Блокни го хејтот“, програмата претставува продолжение на долгогодишното  партнерство помеѓу УНИЦЕФ и Фондацијата Телеком за Македонија преку кое се обезбедува помош на децата и на младите за да се справат со некои од најголемите предизвици на нивната генерација.

Иницијативата ќе опфати 50 деца и млади од целата земја. Тие ќе имаат можност да станат дел од трансформативна програма којашто ќе им овозможи да се здобијат со вештини и да ја градат својата отпорност, ќе им даде простор креативно да се изразат и насоки како да инспирираат други. Преку програмата и со поддршка од ментори и психолози, учесниците ќе осмислат иновативна кампања против омразата на интернет.

Оваа двегодишна програма ќе се спроведува во партнерство со Сојузот на извидници на Македонија и ќе опфати повеќе обуки, работилници и состаноци од кои дел ќе се одржат во Извидничкиот центар во Охрид.

Може да се пријави секој на возраст од 14 до 17 години од целата земја и секој што ќе се посвети на програмата до крај и ќе учествува во активностите што ќе следат.

Заинтересираните учесници треба да ја пополнат апликацијата на следниот линк.

Рокот за пријавување е 27 април, 2025.

„Целта на партнерството е да се создаде движење за интернет без онлајн врсничко насилство и говор на омраза преку едукација, ко-креација и конкретни акции што ќе ги спроведуваат деца и млади како застапници коишто ќе инспирираат и други да се приклучат и да го прошират движењето низ целата земја“ велат од Телеком.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни