Младински филмски фестивал (ММФ) од 30 август до 1 септември на повеќе локации низ Скопје

Дилемата дали филмовите ја рефлектираат реалноста е стара колку и самиот филм, а затоа годинешното издание го посветуваме (со доза иронија) на сѐ она за кое можеме да кажеме дека е реално и треба, велат од Младински филмски фестивал (ММФ), чие четврто издание ќе се одржува од 30 август до 1 септември на повеќе локации низ Скопје.

,,По безброј  бирократски препреки на кои веќе сме навикнати (но не и имуни), со задоволство го објавуваме визуелното решение за новото издание со слоганот „Реално е!“. Нашата кокошка е за првпат фотографирана и тоа баш онаква каква што навистина е: реална, со сите недостатоци и маани. Реално е дека ќе гледаме прекрасни филмови од 20 млади автори од Балканот и пошироко, кои ќе ни го отворат прозорецот кон нивниот светоглед и барем за момент ќе ни покажат детали од сѐ она што ја сочинува реалноста”, велат организаторите.

Младински филмски фестивал (ММФ) е единствен филмски фестивал посветен искличиво на млади филмски автори.

Најново

Последни колумни