Женската младинската репрезентација на Македонија до 19 години вечерва го започнува настапот на младинското европското првенство.
Вечерва во 19.30 часот македонските ракометарки во Подгорица ќе се сретнат со фаворизираната селекција на Унгарија.
Следниот меч, нашата репрезентација го игра веќе утре против репрезентацијата на Полска (14.30) а в сабота и последниот меч против репрезентацијата на Чешка.
На младинското ЕП учествуваат 24 репрезентации поделени во шест групи, а пласман во следната фаза ќе обезбедат првите две селекции кои ќе го продолжат натпреварувањето во двете главни групи од по шест репрезентации