Во понеделник на 12 август со почеток во 10:00 часот во Дневниот центар за млади „Сумнал“ кој се наоѓа во Топана, Скопје, ќе се одржи младинска креативна волонтерска акција „Време е за активизам“ по повод Меѓународниот ден на млади!
Волонтерската акција ќе се состои од реновирање и подобрување на условите во Дневниот центар за млади „Сумнал“. Овој центар претставува прибежиште и едукативен простор за околу 150 млади Роми од Скопје каде што добиваат едукација, поддршка при завршување на задачите од формалното образование и можности за креативно изразување надвор од формалното образование.
,,На акцијата ќе имате можност да учествувате во креирање интерактивни мурали во дворот на центарот и во занималните, да бидете вклучени во уредување на ново читачко катче, да се дружите и да запознаете нови лица и да ги инспирирате вашите врсници за да се вклучат и тие во вакви акции”, велат организаторите.
Акцијата „Време е за активизам“ се спроведува во рамки на Активнoста на USAID North Macedonia за млади кои активно создаваат можности Youth Actively Create Opportunities имплементирана од организацијата IESC, во партнерство со Младински образовен форум и CEED Hub Skopje.