На летната тераса на МНТ, сместена покрај Вардар, публиката ќе има можност до 21 јуни да ужива во низа концертни вечери со настапи на истакнати македонски музичари.
Годинешната програма се одвива под слоганот „Млади за млади“, со фокус на домашните изведувачи и силна хуманитарна порака. Средствата собрани од продажбата на билетите ќе бидат донирани за иницијативата Support Кочани, наменета за лекување и рехабилитација на повредените во трагедијата што го потресе Кочани.
Од МНТ потсетуваат дека летната сцена „Славиша Кајевски“ беше воспоставена минатата година во чест на прерано починатиот актер, чиј придонес останува врежан во историјата на македонската култура.