Млади уметници изработуваат огромен мурал во центарот на Скопје

На една од зградите спроти студенсткиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ во Скопје, млади уметници изработуваат огромен мурал. Како што може да се види од објавата на инстаграм, позади овој проект стои фестивалот Акто и организацијата Факултет за работи што не се учат.

Изработката на мурали во јавен простор станува обележје на фестивалот Акто и ФРУ кои во 2020 година изработија неколку големи мурали во повеќе градови од земјата, пренесувајќи пораки на солидарност и заедништво за време на пандемијата од Ковид 19.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни