Книгата поезија „Нецелосна” од младата Милица Пауновска од Неготино изминативе неколку дена беше промовирана во Данска, информираа вечерва од нејзиниот тим во Неготино. Притоа потсетија дека е ова прва книга на Пауновска, преведена на дански јазик.
– Вљубеници во пишаниот збор беа на промоцијата на книгата. Тие истовремено можеа да другаруваат со уште еден македонски производ, дегустирајќи квалитетно тиквешко вино. Знаете, да се направи извонредно вино е исто така уметност, подвлекоа од тимот на Пауновска.
Притоа нагласија дека следува промоција на оваа книга и во Германија и Швајцарија, каде исто така ќе се има можност да се дегустираат и македонски вина, нагласувајќи дека младата поетеса е своевиден амбасадор на државата, македонскиот збор и нашите квалитетни вина