МКЦ – Битола додели национални волонтерски награди

По повод 5-ти декември Меѓународниот ден на волонтерите, Младински културен центар – Битола (Волонтерски центар на Македонија) од 2006 година востанови Национални волонтерски награди. Целта е оддавање на јавно признание на волонтери кои се вклучуваат за доброто на својата заедница, помагаат на други и ја промовираат солидарноста, хуманоста и сите позитивни вредности на волонтерските активности.

Оваа година доделуваме 2 златни сертификати за волонтерство:

ЗЛАТЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО ВО 2024 ГОДИНА на

Организацијата Млади од семејна разновидност

за волонтерската иницијатива за намалување на партиципацијата на студентите од еднородителски семејства

Зошто?

Млади од семејна разновидност (Youth of Diverse Families) е организација која работи во последните 4 години на разни иницијативи за помагање и поддршка на деца и млади од самохрани и еднородителски семејства. Нивните иницијативи вклучуваат: поддршка за ментално здравје од страна на психолози и доктори, работилници за да си ги дознаат нивните права и хуманитарни донации за едукација и покривање на основните потреби. Нивната најпозната иницијатива е за намалување на партиципацијата на студентите од еднородителски семејства на факултетите во Републиката во која иако законски не е засега засновано, секој државен факултет ја прифати нивната иницијатива и сега овие студенти со еден родител учат со половина партиципација.

ЗЛАТЕН СЕРТИФИКАТ ЗА ВОЛОНТЕРСТВО ВО 2024 ГОДИНА на

Организацијата Сојуз на извидници на Македонија

за волонтерската иницијатива БОРЕНКА

Зошто?

Боренка е волонтерска иницијатива која почна со  работа во нашата држава во декември 2022 година и се истакнува како клучен пример за одржливост и грижа за животната средина.  Боренка е иницијатива за пошумување на опожарени подрачја во државата во организација на Сојуз на извидници на Македонија и ЈП Национални шуми. Боренка како главен дел од своите активности организира и спроведува:

–         работилници за едукација на тема заштита на животната средина и превенирање на шумски пожари за ученици од основни училишта и

–         акции за пошумување на опожарени подрачја

Со својата работа до сега, волонтерската акција Боренка има мобилизирано повеќе од 2000 волонтери, засадено повеќе од 55000 садници, пошумено 13 хектари опожарена површина, спроведено повеќе од 90 едукативни работилници со повеќе од 10000 ученици во повеќе од 40 основни училишта низ целата држава.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни