Култниот македонски бенд Мизар ќе одржи ексклузивен „best of“ концерт на 3 април во Македонската филхармонија.
Под мотото „Најдоброто од Македонија“, бендот ќе изведе избор од песни од својот богат музички опус, кој со децении има силно влијание врз македонската алтернативна сцена и култура.
Публиката ќе има можност да слушне теми од повеќе периоди на бендот, меѓу кои од албумите „Мизар“, „Кобна убавина“, „Свјат Dreams“, „Детето и белото море“, „Поглед кон цветната градина“ и „Вечна празнина“.
На концертот ќе настапат и специјални гости и музичари кои во изминатите 45 години оставиле свој белег во историјата на Мизар.
Воедно, бендот во последниот период е актуелен и со новата песна „Вардар е Стикс“.
Влезниците за концертот се пуштени во продажба онлајн на avalonbooking.mk и преку продажната мрежа на karti.com.mk, по цена од 1.200 и 1.500 денари.