Митрафест 5: Музички дел во чест на Мирко Попов

Оваа музичка прослава започнува на 15-ти октомври, на роденденот на Мирко Попов, кога ќе ги пуштиме овие миксови и ќе славиме со музика како што тој би сакал.Најблиските, другари, соработници и диџеи кои го познаваа Мирко и работеа со него, подготвија специјални миксови кои ја рефлектираат неговата креативност и љубов кон музиката. Овие миксови се создадени со голема почит и ќе бидат достапни за сите да ги слушнат, споделат и уживаат во нив.

Oваа година, Mitrafest 5 носи посебна емоција и значење, бидејќи музичкиот дел кој ќе се одржи во петок во Мака бар и во Епицентар, е посветен на Мирко Попов кој е роден на денешен ден.

„Мирко беше вистински амбасадор на културата и музиката, а неговата страст и енергија засекогаш ќе останат инспирација за сите нас„ велат од Митра 5.

Мирко Попов (1972-2024) беше познат автор, продуцент и издавач на македонска музика, диџеј, радио водител и уредник, иницијатор и организатор на бројни музички фестивали, програми и културни акции.

Тој беше една од највлијателните фигури во домашната музичка сцена, континуирано создавајќи простор за креација, издавање и презентација на современото македонско музичко творештво.

Мирко Попов ќе остане запаметен не само по неговиот музички талент и творештво, туку и по неговата пасија, пријателство и посветеност кон секој надоаѓачки бран на нова музика и генерација на музичари. Неговиот придонес е значаен и ќе продолжи да влијае на македонската музичка и културна сцена долго време.

Во негова чест, за неговиот роденден, неговите најблиски, другари, соработници и диџеи кои го познаваа и работеа со него, подготвија специјални миксови кои ја рефлектираат неговата креативност и љубов кон музиката. Овие миксови се создадени со голема почит и ќе бидат достапни за сите да ги слушнат, споделат и уживаат во нив.

На настанот ќе настапат: Дарко Јорданов,Виолета Качакова, Александар Гавровски, Божидар Видоевски,Илина Ангеловска,Нино Наумов, Божидар Јовановиќ Боле, Далибор Таневски Дади, Дарко Марковси,Александар Малевски,Зоран Ристевски Зоки Бејбе, Оги Узун,Нино Флудер, Роботек,Теа Шалдева.

Оваа музичка прослава започнува на 15-ти октомври, на роденденот на Мирко Попов, кога ќе ги пуштиме овие миксови и ќе славиме со музика како што тој би сакал.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни