Мит или вистина: Во време на настинки и грип дали помага пилешката супа?

Луѓето пилешката супа ја сметаат за универзална помош за време на настинка, пишува Popular Science. Потеклото на пилешката супа датира илјадници години, до античка Кина.

Како што истакнува д-р Колби Тиман, целата приказна за пилешка супа има многу смисла, бидејќи аминокиселините се градбени елементи на протеините, а аминокиселината се наоѓа во храната со „месен“ вкус. Сепак, не сите намирници кои го имаат овој вкус се месо или живина; го имаат и сирењето, печурките и соја сосот.

Истражувањата покажуваат дека вкусот е клучен за лековитите својства на пилешката супа. Пациентите со болести на горниот респираторен тракт генерално јадат помалку или воопшто не јадат, бидејќи акутните болести предизвикуваат воспалителен одговор кој го намалува апетитот. И ако не јадеме, не ги добиваме хранливите материи што ни се потребни за да се опоравиме.

Резултатите од истражувањето покажуваат дека примамливиот вкус на пилешката супа може да го поттикне апетитот. Учесниците во едно истражување изјавиле дека се чувствувале гладни по првата лажица супа.

Намалување на воспалението и затнат нос

Воспалението е природна реакција на телото на повреда или болест; воспаление се јавува кога белите крвни зрнца мигрираат во воспаленото ткиво за да помогнат во заздравувањето. Кога овој воспалителен процес ќе се појави во горниот респираторен тракт, резултира со настинка, проследена веднаш со затнат или растечен нос, кивање, кашлање и згустена слуз.

Но, ако има помала активност на белите крвни зрнца во носот, ќе се создаде помало воспаление.

Интересно, истражувањата покажуваат дека пилешката супа всушност може да го намали бројот на бели крвни зрнца кои патуваат до воспаленото ткиво. Тоа го прави на начин што директно ја инхибира способноста на неутрофилите, еден вид бели крвни зрнца, да патуваат до воспаленото ткиво.

Извор: prva.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни