Потврдена 40-годишна мистерија: Уран е сепак потопол отколку што се мислеше

По 40 години мистерија, научници потврдија: Уран емитира повеќе топлина отколку што прима од Сонцето. Што се крие во внатрешноста на планетата?

По речиси четири децении неизвесност, научниците конечно потврдија: Уран, таинствениот ледениот џин од нашиот Сончев систем, навистина емитира повеќе топлина отколку што прима од Сонцето. До овој заклучок непосредно дошле два независни тима експерти, решавајќи мистерија стара од времето на прелетот на сондата Voyager 2 во 1986 година.

Во тоа време, мерењата сугерираа дека Уран – за разлика од сите други гасовити џинови – нема сопствен внатрешен извор на топлина, што го правеше вистинска аномалија.

Но, новата детална анализа на податоци собрани во изминатите децении покажува поинаква слика, пишува IFC Science.

Решена стара загатка на Уран

Тимот предводен од планетарната научничка Шинјуе Ванг од Универзитетот во Мичиген открил дека Уран емитира околу 12,5% повеќе топлина отколку што прима од сончевото зрачење.
Нивните резултати се совпаѓаат со наодите на тимот на планетарниот физичар Патрик Ирвин од Универзитетот Оксфорд, објавени претходно оваа година.

„Тоа значи дека планетата сè уште полека губи топлина останата од своето формирање – што е клучно парче во сложувалката за нејзиното потекло и еволуција“, објасни Ванг.

Научниците напоменуваат дека прелетот на Voyager 2 се случил во време на засилена соларна активност, што можело да влијае врз мерењата и да даде погрешна слика за вистинската состојба на планетата.

Нова, уште подлабока мистерија

Иако е една мистерија решена, се појави друга: емисијата на топлина кај Уран и натаму е невообичаено ниска во споредба со другите џинови.

  • Јупитер емитира 113% повеќе топлина од онаа што ја прима,
  • Сатурн 139%,
  • а Нептун дури 162%.

Особено е интересна споредбата со Нептун, кој е пооддалечен и поладен, но има многу поактивен внатрешен извор на топлина.

Оваа разлика укажува на невообичаени процеси во внатрешноста на Уран – можеби различна внатрешна структура или специфични настани во неговата еволутивна историја.

Време е за нова мисија

„Од научна гледна точка, ова истражување ни помага подобро да го разбереме не само Уран, туку и другите џиновски планети. Што се однесува до идните вселенски мисии, мислам дека ова ја зајакнува потребата од испраќање сонда токму кон Уран“, додаде Ванг.

Во својот труд објавен во списанието Geophysical Research Letters, истражувачите заклучуваат:

„Идна голема мисија кон Уран би обезбедила клучни набљудувања потребни за решавање на останатите прашања за овој енигматичен ледени џин.“

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни