Мистериозниот вртлог на небото не е најава за крај на светот туку трага од ракета на компанијата SpaceX

Спиралата на небото не била никаков НЛО, туку трага од ракета на компанијата SpaceX — конкретно, замрзнати издувни гасови кои останале зад себе по лансирањето на ракетата Falcon 9 на 24 март.


Претходната вечер, кај нас, но и во бројни други земји во Европа, на небото можеа да се забележат сцени кои личат на научно-фантастичен филм.

Синоќа британските медиуми објавија бројни фотографии на необичниот сини „вртлог на небото“. Во текот на претходната вечер, многумина веднаш побараа одговори на интернет — а објаснувањата, како што се очекуваше, беа од брод на вонземјани, до најава за крајот на светот.


Како што се покажало, спиралата на небото не била никаков НЛО, туку трага од ракета на компанијата SpaceX — конкретно, замрзнати издувни гасови кои останале зад себе по лансирањето на ракетата Falcon 9 на 24 март.

Британската метеоролошка служба (Мет Офис) се огласи на социјалните мрежи и објасни дека станува збор за т.н. „замрзната трага од издувни гасови“, кои се ротираат во атмосферата и ја рефлектираат сончевата светлина, создавајќи визуелен ефект на спирална светлина.

Познатиот физичар Брајан Кокс даде свој печат на оваа појава, потврдувајќи дека се работи за сосема нормална појава која го следи вселенските летала.

Ракети како што е Falcon 9 по лансирањето излегуваат од Земјината атмосфера, го испорачуваат својот товар во орбитата и потоа се враќаат назад. Сепак, при враќањето, тие исфрлаат вишок гориво — за да се избегне опасноста од експлозија при повторниот влез во атмосферата.

Ова е стандардна безбедносна процедура, бидејќи во вселенските мисии е подобро да се понесе малку повеќе гориво отколку да се ризикува да се потроши. Тоа вишок гориво моментално се замрзнува и, поради начинот на кој ракетата се врти при враќањето, создава спирален облик кој при одредено осветлување го гледаме како чудесна појава на небото.

Така, додека многумина замислувале посети од вселената, вистината е дека небото спиралата всушност е резултат на човечката технологија — и уште еден потсетник колку импресивен може да биде самиот научен напредок.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни