Блескав светлосен траг беше снимен на небото над Велингтон, главниот град на Нов Зеланд, предизвикувајќи големо внимание и бројни шпекулации на социјалните мрежи.
Снимката е направена од веб-камера на Јахтинг клубот Херетаунга, а покрај необичниот феномен на небото, јасно се гледа и неговиот одраз во морската површина. Видеото брзо се прошири онлајн, а за настанот извести и BBC.
A bright green light flashed across the night sky near Wellington, New Zealand, late on Friday, January 30.
— News18 (@CNNnews18) February 1, 2026
Credit: PredictWind via Storyful#NewZealand #Wellington #NightSky #GreenLight #SkyFlash pic.twitter.com/5AYHwiNjTq
Според првичните проценки, најверојатно станува збор за метеор или парче вселенски отпад кое влегло во атмосферата на Земјата и изгорело при голема брзина. Сепак, официјална потврда од надлежните институции сè уште нема.
Астрономските појави од ваков тип не се невообичаени, но поради интензивниот сјај и јасната видливост, овој настан предизвика особено голем интерес кај јавноста. Експертите потсетуваат дека ваквите светлосни траги најчесто не претставуваат опасност и исчезнуваат за неколку секунди.
