Мистерија во Чернобил: Се појавија кучиња во сина боја! (ВИДЕО)

Според организацијата „Чернобил кучиња“, напуштените кучиња во сина боја пронајдени се како шетаат низ исклучената зона на Чернобил.

Близу 40 години по нуклеарната катастрофа во електраната Чернобил, се појавија кучиња во сина боја.

Видеото прикажува неколку кучиња во близина на нуклеарната централа Чернобил со сино крзно. Нивнатна боја ги збунила работниците кои се грижат за нив.

Според непрофитната организација „Чернобил кучиња“, напуштените потомци на домашните миленици по нуклеарната катастрофа пред околу 40 години, биле пронајдени како шетаат низ исклучената зона на Чернобил.

„Кога бевме на терен за да фаќаме кучиња за стерилизација наидовме на три кучиња кои беа целосно сини. Не сме сигурни што се случило“, соопшти организацијата во објава на Инстаграм со повеќе од 330.000 прегледи.

Според локалните жители кучињата само пред една недела изгледале нормално.

„Не знаеме која е точната причина, се обидуваме да фатиме едно од тие сини кучиња, за да откриеме што се случува. Претпоставката е дека дошле во контакт со некоја хемикалија“, рече портпаролот на непрофитната организација.

Зоната на исклучување е областа околу местото на нуклеарната несреќа каде што влезот на луѓе е забранет или строго ограничен поради високото ниво на радиоактивно зрачење, и се наоѓа во радиус од околу 30 километри околу електраната.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни