Албанката Дрита Зири синоќа крунисана е за „Miss Earth 2023“ на изборот одржан во Виетнам, со што влегува во историјата како првата Албанка која ја освоила оваа титула, а воедно и прва на волку голем меѓународен натпревар, објавија албанските медиуми.
Зири победи во конкуренција од 84 натпреварувачки на овој избор кој е еден од четирите најзначајните меѓународни натпревари во светот заедно со Мис Универзум, Мис на светот и Мис Интернационал.
-18-годишната манекенка од Фуш-Круја не е непозната за јавноста. Таа беше крунисана за „Мис Албанија 2022“ и учествуваше на „Мис глоби 2022“, каде ја доби втората награда и ја освои наградата „Мис бикини“, наведуваат медиумите.
Круната и ја предаде јужнокорејката Мина Сју Чои, која ја носи титулата „ Miss Earth 2022“.
Извор: rappler.com