Инспирирани од познатиот филм на Ингмар Бергман „Сцени од брачниот живот“, авторката Драгана Трипковиќ и режисерот Данило Маруновиќ ја направиле претставата „Мислам дека треба да разговараме“ со која пред македонската публика ќе се претстави ансамблот на Градско позориште Подгорица. Улогите ги играат: Миливоје Обрадовиќ, Вања Јовичевиќ, Јелена Ненезиќ, Милош Пејовиќ, Ивона Човиќ Јакимовиќ и Павле Поповиќ.
Оваа претстава зборува за човечноста, интимата и смислата на животот. Ниту еден AI бот не може точно да го утврди бројот на луѓе кои ја „пронашле смислата“. Оваа претстава дава отпор на отуѓувањето, на сѐ поголемото намање човечност и оди во пресрет на потребата да исплива од дното на дигиталниот базен, каде човекот е најмалата единица мерка. Пред вас се актерите, „мајсторите на својот занает“, како доказ дека смислата е самиот живот, уметноста, дека смислата се децата и љубовта, истакна актерката и директорка на театарот, Ивона Човиќ Јакимовиќ.
Во оваа претстава нема ништо дигитално. Сѐ е театарско. Сѐ е вистинито! И затоа „Мислам дека треба да разговараме“. По вечерашнава изведба на претставата се поканува публиката за тркалезната маса на која актерите ќе споделат свои впечатоци за претставата и гостувањето во Скопје.
За програмата и продажба на билети информации на тел. 076434343 на билетарницата во Драмски секој ден од 14:30 до 20:30 часот.