Мишел Фајфер се сеќава на снимањето на „Scarface“: Плачев секоја вечер

Мишел Фајфер се присети како било да се работи на познатиот крими трилер „Scarface“ кога имала само 25 години.
Фото: Jeremiah Christopher, CC BY 2.0, via Wikimedia Commons

Познатата актерка се прослави со главната улога во филмот „Брилијантин 2“ од 1982 година, а една година подоцна, по компетитивната аудиција, успеа да добие улога во филмот „Scarface“, во кој глумеше покрај Ал Пачино, Марко Марголис и Мери Елизабет Мастрантонио. Во култниот филм таа ја играше Елвира Хенкок, сопруга на мафијаш која се вљубува во Тони Монтана глумен од Пачино.

Фајфер во подкастот The Skinny Confidential откри дека се чувствувала многу несигурно на снимањето на филмот бидејќи немала доволно актерско искуство во споредба со нејзините колеги.

„Секоја вечер заспивав во солзи кога го снимав ‘Scarface’. Толкава ми беше самодовербата“, изјави Фајфер.

Аудицијата, исто така, ја измачувала бидејќи траела два месеца.

„Аудицијата беше многу интензивна и макотрпна, мислам дека траеше два месеци, но се чувствуваше како една година“, се сеќава таа. „Тоа беше голема работа за мене. Ал сакаше друга актерка во улогата, што е разбирливо. Јас сум девојката од Брилијант 2“.

Иако мислела дека нема да учествува во филмот, еден месец по завршувањето на аудицијата, добила покана да се придружи на остатокот од актерската екипа во Њујорк.

„Бев толку нервозна.  Ал е љубезна, добра и дарежлива личност, но јас бев опкружена со сите овие искусни актери, а немав големо искуство зад себе“, објаснила актерката.

И покрај нејзината несигурност, Фајфер ги воодушеви гледачите со својата глума, која ѝ помогна да се пробие во светот на Холивуд. Подоцна се појави во блокбастерите „Бетмен се враќа“, „Опасни умови“ и „Лак за коса“, што го зацврсти нејзиниот статус на филмска ѕвезда.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни