Во петок, на 10-ти април, од 20:00 часот во Кинотека на Македонија, ќе започне проекцијата на филмот Мирно Лето во режија на Димитрие Османли.
Мирно лето (1961) е првата комедија продуцирана на македонски јазик и режирана од македонски филмски режисер. По сценариото на Фрида Филиповиќ, улогите ги толкуваат: Љупка Џундева, Слободан Перовиќ, Дарко Дамески, Илија Милчин, Мери Бошкова, Петре Прличко и Стојка Цекова.
До крајот на 1950-тите, сите филмови произведени во Социјалистичка Република Македонија, беа режирани од филмски режисери од Србија, Словенија и Хрватска.
„Вардар филм“, првата филмска продукциска компанија во Скопје, беше основана од владата во 1947 година и стана почитуван регионален филмски центар, вработувајќи локални уметници и филмска екипа.
Мирно лето имаше голем успех во кината низ цела Југославија.