Мирни собири во Скопје и Охрид, протестен марш во Кочани за жртвите од дискотеката „Пулс“

Денеска во Скопје и Охрид ќе се одржат мирни собири на кои ќе се изрази сочувство за жртвите од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Мирниот собир во Скопје е организиран од Студентскиот пленум и ќе се одржи во градскиот парк од 16:30 часот. „Се повикуваат сите граѓани на мирен собир на кој заедно ќе оддадеме почит кон жртвите од пожарот во Кочани“, се вели во најавата на собирот објавен преку „Студентски пленум“.

Собирот е закажан за тревникот позади споменикот на Гоце Делчев, а во 16:59 часот ќе се одржи 60-минутен молк.


Собирот во Охрид е организиран од младинската и ученичките заедници, заедно со Студенските собранија и Локалниот младински совет.

Во Кочани пак најавите се дека секој ден од 15 часот ќе се одржуваат протестни маршови на кои ќе се бара одговорност за трагедијата во дискотеката „Пулс“ каде што животот го загубија 59 млади луѓе.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни