Мирко Попов на муралот со ликови на истакнати уметници во Валандово

Автор на муралот е еден од најзначајните современи македонски уметници Костадин Танчев – Динка во соработка со професорот по ликовна уметност Радомир Кнежевиќ.

Во Кино салата во Валандово, изработен е мурал со ликови на истакнати валандовчани во областа на уметноста.

На муралот се ликовите на пејачот Јанко Узунов, Леонид Манчев, организатор и директор на Фолк фест Валандово, Мирко Попов, автор и продуцент на електронска музика, Ѓоко Дончев, пејач и Костадин Танчев-Динка, графички дизајнер и сликар.

Автор на муралот е еден од најзначајните современи македонски уметници Костадин Танчев – Динка во соработка со професорот по ликовна уметност Радомир Кнежевиќ.

Целта на овој уметнички израз е да го збогати просторот и да оддаде признание на личностите кои оставија траен белег врз културниот развој на локалната заедница и пошироко.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни