Министерството за здравство во Газа: Повеќе од 66.000 Палестинци убиени

Само во последните 24 часа се убиени 79 лица

Министерството за здравство на Газа денеска соопшти дека во војната меѓу Израел и Хамас досега се убиени повеќе од 66.000 Палестинци.

Во последните 24 часа, според извештајот, животот го загубиле 79 лица.

Во своето дневно соопштение, Министерството наведе дека бројот на загинати се искачил на 66.005, а 168.162 луѓе се ранети од 7 октомври 2023 година наваму.

Израелската армија ја продолжува офанзивата во Појасот Газа. Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, се наоѓа во Вашингтон и планира утре да се сретне со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни