Министерството за образование и наука започна со реконструкција на студентскиот дом Кузман Јосифовски – Питу во Скопје

Студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во Скопје, за 18 месеци ќе добие нов изглед со реконструкцијата што ја започна Министерството за образование и наука.

Студенсткиот дом ќе добие подобрена одржливост, ќе биде енергетски ефикасен што значи ќе придонесе за почиста животна средина, но и ќе обезбеди финансиски заштеди. 

Ова е прва фаза од проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на државните студентски домови во Република Северна Македонија. Наскоро ќе започне и реконструкцијата на „Стив Наумов“ во Скопје, а потоа, во следните две фази ќе се реконструираат уште 7 други студентски домови во Скопје, Прилеп, Битола, Штип и Охрид. 

Во склоп на реконструкцијата предвидена е промена на водоводната инсталација отстранување на причините за појава на влага во објектите, промена на комплетната електрична инсталација и поставување на енергетски ефикасни LED светилки, промена на инсталацијата за греење, комплетна промена на санитаријата, изработка на енергетски ефикасни фасади на објектите, поставување на фотоволтаици за производство на електрична енергија, а ќе се опремуваат и соби за студенти со посебни потреби. 

Проектот се реализира со заем од Германската развојна банка (KfW) од 20 милиони евра и грант од 5 милиони евра преку Програмата за регионална енергетска ефикасност за Западен Балкан на Европската Унија. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни