Министерството за култура и туризам денеска на својата веб страница го објави Конкурсот за учество на Република Северна Македонија на 61. Интернационална ликовна изложба во Венеција, што ќе се одржи од 9 мај до 22 ноември 2026 година во организација на „Венециско биенале” (La Biennale di Venezia).
Интернационалната ликовна изложба ќе се одржи на темата „Во молски тоналитети” („In Minor Keys”) зададена од кураторот на изложбата Којо Кух (Koyo Kouoh).
Конкурсот ќе трае од 31.5.2025 година заклучно до 30.6.2025 година, а деталите се на следниот линк
Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени на веб-страницата на Министерството за култура и туризам.