Министерство за внатрешни работи предупредува: со лажни СМС пораки и мејлови злоупотребуваат граѓани

Апел за зголемена внимателност по над 50 пријави за интернет измами

Министерство за внатрешни работи предупредува дека во изминатиот период е забележано зголемување на бројот на интернет измами преку лажни СМС пораки и електронска пошта, со кои се злоупотребуваат граѓани и се прибираат нивни лични и финансиски податоци.

Од МВР информираат дека до Секторот за компјутерски криминал се евидентирани над 50 пријави поврзани со ваков тип злоупотреби. Измамниците најчесто се претставуваат како банки, државни институции, доставни служби или познати компании, а пораките се формулирани така што создаваат чувство на итност и притисок врз примателот.

Во пораките граѓаните се повикуваат да кликнат на линкови и да внесат чувствителни податоци, како лозинки, броеви на платежни картички или лични информации, што потоа се користи за финансиска злоупотреба.

Од Министерството нагласуваат дека ниту една државна институција или банка не бара вакви податоци преку СМС пораки или мејлови и апелираат граѓаните да бидат особено внимателни, да не отвораат сомнителни линкови и секој обид за измама да го пријават кај надлежните институции или во својата банка.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни