„Министерство за иднина“ од Ким Стенли Робинсон – нов роман во издание на „Илика“

Екофикциски роман за климатската криза, надежта и границите на човечкото преживување

Пред самиот крај на минатата година, во издание на Илика, излезе романот „Министерство за иднина“ од еден од најзначајните современи автори на научна фантастика, Ким Стенли Робинсон, во превод на Игор Раиден.

„Министерство за иднина“ припаѓа на жанрот екофикција и нуди комплексна визија за можната иднина на светот, фокусирана на климатската криза и нејзините длабоки општествени, економски и политички последици. Романот поставува прашања за опустошувањето и зачувувањето на животната средина, но и за одговорноста на институциите, заедниците и поединците во услови на глобална закана.

Централното прашање што го отвора делото е што се случува кога топлотните бранови што ја погодуваат планетата стануваат сè пожешки и посмртоносни, а човештвото постепено ја губи контролата врз сопствената егзистенција. Преку мрежа од ликови и перспективи, романот ги прикажува судирите меѓу колективната трагедија и личните приказни, создавајќи „анатомија на надежта“ за опстанок во децениите и вековите што доаѓаат.

По повод излегувањето на книгата, на 28 јануари ќе се одржи книжевен кружок во кафе-книжарницата Илика, на кој можат да се пријават заинтересираните читатели преку порака на социјалните мрежи на книжарницата.

Ким Стенли Робинсон (1952) е американски писател, есеист и автор на раскази, чијшто опус е доминантно насочен кон научната фантастика со силна општествена и еколошка димензија. Особено е познат по трилогијата „Црвен Марс“, „Зелен Марс“ и „Син Марс“, објавена во деведесеттите години на минатиот век. За своето творештво е повеќекратен добитник на најпрестижните награди од жанрот, меѓу кои „Хуго“, „Небула“ и „Локус“.

Книгата „Министерство за иднина“ е достапна во кафе-книжарницата „Илика“ со 20% намалена цена до 31 јануари, а може да се најде и во другите книжарници низ Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни