Министерот за внатрешни работи против предлогот за полициска станица во Лувр

„Министерот за внатрешни работи Лоран Нунјез се противи на отворањето полициска станица во Лувр, истакнувајќи дека сегашната безбедност и брзиот одговор на полицијата се доволни по кражбата на накит вреден 88 милиони евра.“

Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нунјез, се изјасни против предлогот за отворање полициска станица во рамките на парискиот Лувр, што го предложи директорката на музејот, Лоранс де Кар.

Директорката на Лувр изјави на средбата на Комитетот за култура на Сенатот дека сака Министерството за внатрешни работи да испита дали воведувањето на станица во музејот е можно.

„Јас сум против тоа, бидејќи ако поставиме полициска станица во Лувр, тогаш ќе мораме да ги поставуваме насекаде“, изјави Нунјез. Тој додаде дека полициската станица веќе се наоѓа веднаш до Лувр и дека полицијата пристигнала на местото на кражбата за само три минути.

Двајца крадци влегле во Галеријата Аполон и однеле осум парчиња скапоцен накит вреден 88 милиони евра, а на улица ги чекале уште двајца соучесници на скутери. Целата кражба траела околу седум до осум минути, што го отвори прашањето за безбедноста во најпосетуваниот музеј во светот.

Нунјез изјави дека полициска станица во музејот не би ја променило ситуацијата, бидејќи станува збор за едно од најобезбедените подрачја во Париз. „Секогаш ги пронаоѓаме сторителите. Очекуваме истата судбина и за украдениот накит, кој често завршува во странство,“ додаде тој.

Според француските медиуми, вчера се уапсени две лица осомничени за учество во кражбата. Парижкиот обвинител Лор Беко потврди дека бројот на истражители се зголемил од околу 60 на повеќе од 100.

Министерката за култура, Рашида Дати, изјави дека побарала завршните заклучоци од истрагата да бидат доставени почетокот на следната недела.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни