Министерот за одбрана на САД воведува нови ограничувања за новинарите во Пентагон

Овие мерки забрануваат пристап на акредитирани новинари во поголемиот дел од седиштето на Министерството за одбрана во Арлингтон, Вирџинија, освен ако немаат официјално одобрување и придружба.

Министерот за одбрана на Соединетите Американски Држави, Пит Хегсет, издал наредби со кои од новинарите се бара да имаат официјален придружник во поголемиот дел од зградата на Пентагон, што е најново од серијата ограничувања кои администрацијата на претседателот Доналд Трамп ги воведува за медиумите, пренесе Ројтерс.

Овие мерки забрануваат пристап на акредитирани новинари во поголемиот дел од седиштето на Министерството за одбрана во Арлингтон, Вирџинија, освен ако немаат официјално одобрување и придружба.

„Иако Министерството за одбрана и понатаму е посветено на транспарентноста, исто така има обврска да ги заштити тајните разузнавачки информации (CSNI) и чувствителните податоци – чијшто неовластен јавен пристап може да ги загрози животите на припадниците на американската војска“, изјави Хегсет.

Извор: ТАНЈУГ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни