Министерот за надворешни работи, Александар Шаленберг, положи заклетва и стана привремен канцелар на Австрија. Шаленберг го наследи својот партиски колега, Карл Нехамер, кој поднесе оставка по неуспехот да формира центристичка коалициона влада без крајната десница.
До формирањето на новата влада, Шаленберг ќе ја извршува функцијата канцелар, а истовремено ќе остане и шеф на австриската дипломатија.
Привремениот избор на Шаленберг за канцелар му го довери австрискиот претседател, Александар ван дер Белен, кој го објасни својот избор со фактот дека Шаленберг е министер со најдолг стаж во актуелната влада. Неговите претходници, Нехамер, поднесе оставка откако пропаднаа коалиционите преговори меѓу Народната партија (ÖVP), Социјалдемократите (SPÖ) и либералната партија Неос.
Претходно, пред да ја положи заклетвата, ван дер Белен му се заблагодари на Шаленберг за неговата подготвеност да ја преземе двојната одговорност и да служи на земјата. Шаленберг втор пат стана канцелар, откако 2021 година ја извршуваше оваа функција околу два месеца, по оставката на Себастијан Курц.
Како канцелар, следната недела ќе ја посети европската институција во Брисел.
Шаленберг нема да биде дел од новата влада ако се формира коалиција меѓу крајната десна Слободна партија на Австрија (FPÖ) и ÖVP, кои во петокот официјално започнаа коалициски преговори. Тој изјави дека нема да прифати министерско место во владата на лидерот на Слободните демократи, Херберт Кикл, кој го доби мандатот од ван дер Белен за составување на новата влада.