Во март минималната плата ќе биде повисока за 1.800 денари, што значи дека платата би изнесувала нешто над 24 илјади денари. Синдикатите бараат зголемување на минималната плата од 30 илјади денари поради зголемените трошоци за живот. Предлог Владата да ги субвенционирала придонесите од 3.000 до 6.000 денари во период од една година. Владата кажа дека ќе го почитува она што ќе го договорат работодавачите и синдикатите.
Минималната плата ја примаат повеќе од 20 илјади вработени, од кои најголемиот дел работат во мали и микро фирми. Работодавачите сметаат дека минималната плата може да оди и над 500 евра, доколку за тоа се обезбеди реална основа, односно доколку се зголеми продуктивноста.
Висината на минималната плата не може да биде пониска од 57 отсто од висината на просечно исплатената нето-плата во државата, велат синдикалистите.
Денеска о д Конфедерацијата на синдикални организации на Македонија побараа од Владата и од Министерството за енергетика да преземеат мерки за да се реши проблемот со високите сметки за струја за кои се жалат граѓаните и побараа да се стави ред во читањето на броилата.
Се очекува овие дилеми да бидат решени на наредната седница на Економско-социјалниот совет.