Владејачкото мнозинство одби предлог-законот за зголемување на минималната плата да биде ставен на дневен ред, иако истовремено пред Собранието се одвиваше протестна блокада на Сојузот на синдикати на Македонија со барање минималната плата да се зголеми на 600 евра.
Иако опозицијата побарала дополнување на дневниот ред со законско решение кое ги вклучува синдикалните барања – минимална плата од 600 евра и зголемување на сите останати плати за 100 евра – предлогот не бил ставен ниту на расправа, ниту на гласање. Според опозицијата, ваквата одлука претставува кршење на Деловникот и воведување двојни стандарди во работењето на законодавниот дом.
