Минхен со безалкохолна пивска градина ќе се обиде да го промени имиџот

Минхен, домот на светски познатиот фестивал на пиво Октоберфест, утре ја отвори својата прва пивска градина (Biergarten) без алкохол, во знак на промена на навиките на консумирање алкохол и растечките фрустрации во градот од јавните пијанства.

„Ди Нул“ (Нула) во близина на главната железничка станица на своите гости ќе им служи само безалкохолни пијалаци, коктели, сокови, вода и безалкохолни пива во обид да го промени имиџот на градот.

Оваа пивска градина ќе биде заедно водена од операторите од околните ресторани, хотели и културни објекти, откако подолг период тие се жалеа на туристите кои прекумерно пијат заедно со локалното население со што Минхен доби имиџ на пивски рај.

Гостите во објектот на отворено ќе може да носат сопствена храна, а ќе има и бесплатни забави со бендови, хорови и соло уметници, како и забави за млади со диџеи.

Сопственикот на бар, Флориан Шонхофер е еден од поддржувачите на Ди Нул и рече дека целта на овој проект не е трајно отфрлање на алкохолут, туку да се покажат и атрактивни алтернативи. Сепак, тој вели дека со оваа пивска градина очекува да губат пари, бидејќи има гости кои пијат по 10 пива, но ретко кој би нарачал 10 овошни сокови.

Работна група во градот Минхен работи на план за расчистување на центарот на градот од разулавени, алкохолизирани групи, со цел центарот и градските паркови да бидат посигурни и попривлечни.

Ди Нул ќе го отвори градоначалникот Дитер Рајтер утре и ќе би отворена до 15 септември, една недела пред отворањето на популарниот Октоберфест.

Консумирањето пиво во Германија е во пад од 1990тите, а со просечна потрошувачка по глава на жител од 88 литри годишно, Германија сега заостанува зад своите соседи во Чешка, Австрија и Полска.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни