Search

Минатата недела температурата на морето покрај Дубровник беше 30 степени, вчера само 19

Фото: Ivan Ivankovic/Pixabay

Покрај Дубровник минатата недела беше измерена рекордна температура на морето – 30 степени Целзиусови, но вчера температурата беше само 19 степени и во моментов во тој дел од Јадранското Море водата е најладна, пренесува ХРТ.

„Ова не е ништо необично. Пред неколку дена разговаравме за тоа како овие високи температури влијаат на живиот свет. Го спомнавме ветерот, ја споменавме бурата, тоа се случи. Како што се очекуваше по период на високи температури, дојде бура, кој е северен ветер кој дува од континентот кон отворено море и го започна движењето на површинскиот слој кон топлото отворено море и паралелно со ова, подемот на студеното море од подлабоките слоеви, поради што дошло и до нагло опаѓање на температурата. Значи, ништо необично за овој дел од годината. Тоа се случувало порано, ќе се случи во иднина“  вели Валтер Кожул од Институт за море и обала од Универзитетот во Дубровник.

Тој додава дека морските организми полесни ги поднесуваат ниските температури, додека високите за нив се проблем.

Извор: ХРТ

Најново

Последни колумни