Македонскиот институт за медиуми (МИМ) објавува повик за основање медиумски клубови (секции) во основните и средните училишта во државава.
Медиумските клубови се реализираат како дел од Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.
Повикот е отворен до петок 20 септември до 23:59 часот.
Медиумските клубови треба да вклучуваат едукативни и практични активности кои ќе се одвиваат во рамки на воннаставните активности. Притоа, учениците ќе учат како да создаваат веродостојни, објективни и проверени медиумски содржини користејќи различни формати, вклучително и текст, видео, поткасти, блогови и фото-новинарство.
Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање https://mim.org.mk/mk/novosti/1522-povik-za-osnovane-mediumski-klubovi-vo-sredni-i-osnovni-ucilista