МИМ објавува повик за основање медиумски клубови во основните и средните училишта во државава

Медиумските клубови се реализираат како дел од Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) објавува повик за основање медиумски клубови (секции) во основните и средните училишта во државава.

Медиумските клубови се реализираат како дел од Проектот на УСАИД за медиумска писменост „Младите размислуваат“.

Повикот е отворен до петок 20 септември до 23:59 часот.

Медиумските клубови треба да вклучуваат едукативни и практични активности кои ќе се одвиваат во рамки на воннаставните активности. Притоа, учениците ќе учат како да создаваат веродостојни, објективни и проверени медиумски содржини користејќи различни формати, вклучително и текст, видео, поткасти, блогови и фото-новинарство.

Повеќе информации за условите и начинот на аплицирање https://mim.org.mk/mk/novosti/1522-povik-za-osnovane-mediumski-klubovi-vo-sredni-i-osnovni-ucilista

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни