“Milk”на Стефани Колк најдобар долгометражен филм на Beach Film Festival Oхрид

Наградата „Голем бран“ за најдобар долгометражен филм на Beach Film Festival во Oхрид ја освои филмот “Milk” во режија на Стефани Колк, додека пак „Special Mention“ наградата за најдобар долгометражен филм ја доби “Pelican” во режија на Николина Богдановиќ и Филип Хераковиќ.

Овогодинешните награди жирито за долгометражни филмови составено од Julián Génisson, Karla Šola, Agim Abdula и Jenńi Ƶyĺka и жирито за краткометражни филмови: Ѓоко Симјановски,Веле Митаноски и Свето Стефановски ги доделија и на:

Наградата „Мал бран“, за најдобар краткометражен филм ја доби “How to be a human being” во режија на Jorė Janavičiütė, а за најдобар краткометражен студентски филм според публика е прогласен “Quiet Drive” во режија на Savvaa Dolomanov.

Стефан Сидовски Сидо, ја зема наградата за најдобро актерско остварување – Julie Ledru од филмот “Rodéo”. Special Мention, најдобро актерско остварување е Liber Ágoston од филмот “Summer to come” и Special Mention, најдобар краткометражен филм е “The walk” во режија на Елеонора Венинова.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни