Милион долари награда за дешифрирање на древно писмо

Оној кој прв ќе успее да го дешифрира древното писмо на цивилизацијата што постоела пред илјадници години во долината на реката Инд, ќе добие награда од милион долари.

Индиските власти објавија дека ќе ги наградат научниците кои ќе придонесат во решавањето на оваа мистерија, која може да објасни како изгледал животот на овие простори пред три илјади години пред нашата ера.

Министерот на индиската држава Тамил Наду, за време на тридневна меѓународна конференција по повод стогодишнината од откривањето на оваа древна цивилизација, соопшти дека државата ќе додели милион долари на оној кој ќе го дешифрира древното писмо.

„Сè уште не сме во состојба јасно да разбереме како животот на цивилизацијата во долината на реката Инд процветал“, изјави главниот министер, пренесува New Indian Express.

Тој изрази надеж дека оваа награда ќе ги поттикне истражувачите ширум светот да ја откријат тајната и да ја решат мистеријата која ги збунува научниците повеќе од еден век.

Цивилизацијата од долината на реката Инд, која постоела од 3300 до 1300 година пред нашата ера, е една од најраните урбани култури во светот.

И покрај обемните археолошки ископувања, нивното писмо сè уште останува неразјаснето, оставајќи голема празнина во разбирањето на јазикот, културата и придонесите на оваа древна цивилизација.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни