Милијарда Android телефони загрозени од сајбер напади: Повеќе нема да добиваат безбедносни ажурирања

Повеќе од милијарда Android телефони низ светот се ранливи на сајбер напади, бидејќи користат верзии постари од Android 13 кои веќе не добиваат безбедносни ажурирања.

Скоро милијарда Android паметни телефони ширум светот се изложени на зголемен ризик од сајбер напади бидејќи повеќе не можат да добиваат безбедносни ажурирања, покажуваат најновите податоци на аналитичката компанија „StatCounter“.

Според овие податоци, повеќе од 30% од корисниците на Android сè уште користат уреди со верзија Android 13 или постара, пренесува BFM.

Иако Google сè уште обезбедува безбедносни ажурирања за Android 13, поддршката за постари верзии е прекината – на пример, Android 12 остана без безбедносни ажурирања во април минатата година.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни