Миленикот му го спаси животот од сигурна смрт во несреќа над Вашингтон 

Американски лизгач во уметничко лизгање, Џон Маравиља се спаси во последен момент пред катастрофалниот и трагичен лет на „Американ ерлајнс“ кога се судри со воен хеликоптер, при што загинаа сите патници – вклучително и шест спортисти.

Маравиља, требаше да биде меѓу патниците на летот 5342, кој се урна во реката Потомак во Вашингтон по сударот во воздух со хеликоптер Блек Хок, но за среќа избегна трагедија и тоа поради своето куче, откако аеродромските служби му забраниле да се качи во авион бидејќи за тој лет, според стандардите, кучето било преголемо.

Младиот лизгач за РИА Новости, изјави дека откако му било посочено дека не може да го внесе своето куче, одлучил да патува со автомобил.

По ваквата одлука на аеродромските власти тој на својот Инстаграм објави:

„Не ми е дозволено да ја поминам вратата на авионот и да се качам на летот. Извадете ме од Канзас, ве молам“, нешто подоцна допишал, дека заминал со автомобил и дека го чека „14“-часовен пат“.

Уметникот за РИА Новости изјави дека во авионот имало најмалку 14 лизгачи, како и тренери и родители.

„Не сакам да именувам имиња“, рече тој, опишувајќи го инцидентот како „трагичен“.

Голем број лизгачи беа во областа Вичита за првенството на САД во уметничко лизгање, кое се одржа минатата недела во градската арена Интруст банка. Националното раководно тело на спортот, У.С. Уметничко лизгање, потврди дека „неколку членови на нашата заедница за лизгање“ биле на летот.

„Овие спортисти, тренери и членови на семејството се враќаа дома од Кампот за национален развој што се одржа во врска со првенството на САД во уметничко лизгање во Вичита, Канзас. Ние сме скршени од оваа неискажлива трагедија и ги носиме во нашите срца. Ќе продолжиме да ја следиме ситуацијата и ќе објавиме повеќе информации кога ќе станат достапни“, пишува во соопштението.

Меѓу лизгачите на летот беа руските лизгачи Евгенија Шишкова (53) и Вадим Наумов (56).

Двојката го освои Светското првенство во уметничко лизгање во 1994 година во парови.

Во кобната несреча загинале сите 60 патници и четворица членови на екипажот на летот, како и три лица во хеликоптерот.

Авион и хеликоптер се судрија над Вашингтон, при што загинаа сите патници и членови на екипажот на двата авиони.

„За жал, не успеавме да спасиме никого“, изјави Џек Потер, извршен директор на управата за аеродроми во Метрополитен во Вашингтон.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни