По убедливото водство во првиот круг на претседателските избори во Хрватска, актуелниот претседател и кандидат за нов мандат, Зоран Милановиќ им се заблагодари на своите гласачи.
,,Хрватски луѓе, граѓани на сите градови и општини, ви благодарам од срце. Политиката никогаш не сум ја гледал како средство за приватни цели, туку како висока мисија и задача. Така ја гледам и чувствувам и денес и верувам дека вие го препознавте тој жар“, порача тој на социјалните мрежи.
На вчерашните избори за Милановиќ гласаа 797.938 луѓе. Во победничкиот говор во Загреб Милановиќ вети дека ќе промовира „Хрватска со карактер, Хрватска која се грижи за своите интереси и која е свесна дека само ние се грижиме за тоа штом се случува во нашата земја“.