Откако пристигнаа првите излезни анкети за претседателските избори во Хрватска, на кој граѓаните дадоа речиси 78 отсто поддршка за кандидатот, Зоран Милановиќ, тој се огласи на Фејсбук.
Кратко напиша: „Благодарам“.
Според резултатите од излезните анкети што штотуку ги објавија три телевизиски станици, ХРТ, Нова ТВ и РТЛ, Зоран Милановиќ освоил 77,86 отсто од гласовите, а Драган Приморац освоил 22,14 отсто од гласовите. Анкетата е спроведена меѓу гласачите при излегување од избирачкото место, а првите изборни резултати од Државната изборна комисија (ДИК) ќе бидат објавени околу 19 часот и 30 минути.
Следува пребројувањето на гласовите, а името на победникот треба да се знае околу 21 часот.