Милано забранува пушење и на отворено

Доколку сте пушач и планирате да патувате во Милано од Нова година, забраната што се воведува во овој град нема да ви се допадне.

Од 1 јануари 2025 година, Милано ќе биде еден од првите градови во Италија што ќе го забрани пушењето на отворено на јавни места, освен ако не одржувате минимално растојание од 10 метри од другите луѓе.

Новата мерка има цел да го подобри квалитетот на воздухот и да ја подигне јавната свест за ризиците од пушењето, како за пушачите така и за заедницата.

Казната во случај органите на прогонот да ве најдат со цигара или некој да ве пријави е 255 евра.

Мерката се проширува на правилата кои веќе се во сила во 2021 година, проширувајќи ја забраната на сите јавни отворени простори.

Сепак, како што објаснуваат во општинската администрација, ограничувањата не се однесуваат на електронските цигари кои можат слободно да се користат.

Во првите месеци пристапот ќе биде ориентиран кон подигање на свеста и едукација, со контроли насочени повеќе кон одвраќање отколку кон санкционирање.

Елена Гранди, советник за животна средина, ја истакна важноста на одредбата: „Оваа забрана е конкретна акција за здравјето и благосостојбата на сите, а не само на пушачите. Сакаме да ги обесхрабриме штетните навики и да поттикнеме поздрав начин на живот“.

Одлуката Милано да се направи град „без чад“ претставува чекор напред во борбата против загадувањето и штетите предизвикани од тутунот, а притоа има корист за квалитетот на воздухот и јавното здравје.

Со оваа иницијатива администрацијата има цел да ја намали изложеноста на населението на пасивно пушење и да ја подигне свеста на граѓаните за важноста од усвојување поодговорно однесување.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни