Муралот во чест на гитаристот, пејач и автор на рок бендовите Лимуново дрво, Шарло акробата и Катарина II, или Екатарина Велика, е насликан од колективот Обоена клапа, врз основа на концептуалниот дизајн на уметникот Ријад Хаџиќ.
Муралот е еден од резултатите на иницијативата „Музејот на деведесеттите“, кој пет месеци во 2024 година ја реализираше изложбата „Лавиринтот на деведесеттите“ во Историскиот музеј на Босна и Херцеговина, чија идеја е да се расветли сложената деценија од деведесеттите на територијата на поранешна Југославија.
Како што е наведено, еден сегмент од изложбата се занимава и со оние кои заземаа антивоен став во раните 1990-ти, а „Младеновиќ секако беше еден од нив, почнувајќи од неговите појавувања во медиумите, преку неговиот настап на концертот ‘ЈУТЕЛ за мир’ во салата „Зетра“ во 1991 година, па се до концертот на групата ‘Rimtutituki’ на Плоштадот на републиката во Белград насловен ‘Не рачунајте на нас’“.
„Милан го покажа својот силен протест и со одбивањето да настапи во Бања Лука во 1993 година, кога најстарата и најпозната џамија во Бања Лука, Ферхадија, од 1579 година, беше урната со експлозив“, се вели во соопштението.