Мигрант починал на една од скопските клиники

Засега, нема други информации околу причините за здравствената состојба на мигрантот, ниту пак кој го донел во Клиничкиот центар во Скопје

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера наутро од Клиниката за нефрологија бил донесен 41 годишен мигрант.

„21.11.2025 во 07:50 часот во СВР Скопје, од Клиниката за нефрологија при Комплекс клиники „Мајка Тереза”- Скопје е пријавено дека на 20.11.2025 во 00:16 часот, кај нив за укажување на лекарска помош е донесен Л.Ш.(41), мигрант, кој на 21.11.2025 во 06:48 часот починал. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција“ се наведува во соопштението од МВР.

Засега, нема други информации околу причините за здравствената состојба на мигрантот, ниту пак кој го донел во Клиничкиот центар во Скопје.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни