Мицотакис: Развој на ситуацијата поради сеизмичката активност и понатаму неизвесна

Мицотакис истакна дека Владата е свесна за тоа колку оваа ситуација нанесува финансиски штети на вработените и на бизнисите на овие острови, пренесува Катимерини.

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска по повод земјотресите кои ги погодија грчките острови Сантoрини и Киклади, изјави дека сеизмолозите предупредуваат дека се работи за феномен без преседан, со флуктуации во динамиката, поради што не може со сигурност да се процени развојот на ситуацијата.

Мицотакис истакна дека Владата е свесна за тоа колку оваа ситуација нанесува финансиски штети на вработените и на бизнисите на овие острови, пренесува Катимерини.


Тој додаде дека поради постојаната сеизмичка активност, училиштата во Тира, Јосу, Анафи и Аморгос ќе останат затворени до петок, 21. февруари.

Мицотакис предупреди дека жителите на островите треба и понатаму да се придржуваат до инструкциите да избегнуваат собирања во затворени простории, како и да не се приближуваат до напуштени и нестабилни објекти.

Санторини и другите грчки острови во регионот беа погодени од „до сега незабележана“ сеизмичка активност, а околу три четвртини од 15.000 жители на островот беа евакуирани.

Властите пред десетина дена воведоа вонредна состојба откако земјотрес со магнитуда од 5,2, досега најголемиот, го потресе овој остров.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни